Поврзи се со нас

Гостивар

Блокадата на Русино продолжува уште +10 дена

Објавено

на

До 22 август, само Општина Гостивар ќе може да го носи комуналниот смет на депонијата Русино, додека за останатите општини кои ја користеа оваа депонија, рампата ќе биде затворена. Ова е одлуката на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ по денешната средба со претставниците на Општина Гостивар.

Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ потврдија дека оствариле средба со градоначалникот Арбен Таравари, на која добиле потврда дека нивните барања ќе бидат исполнети.

„Имавме средба со градоначалникот Арбен Таравари и неговите соработници, на која уште еднаш ги разгледавме нашите барања и може да кажеме дека наидовме на разбирање и поддршка. Добивме ветување, на сите наредни состаноци кои ќе бидат поврзани со ѓубриштето Русино ќе присуствуваат наши членови, односно ќе бидеме гласот на општината по ова прашање. Со цел нашиот „крик“ да стигне до сите одговорни институции и инволвирани општини, блокадата на Русино ќе ја продолжиме уште 10 дена! Токму на блокадата ги очекуваме претставниците на сите 9 општини од Полошкиот регион кои го користат ова ѓубриште, да не посетат, поразговараме и најдеме решение за надминување на овој проблем“, изјави Марија Спасовска член на иницијативата „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“.

Од иницијативата „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ очекуваат поддршка и од политичките претставници од Гостивар, со што би придонеле за побрзо ослободување на Гостивар од овој проблем.

„Во големо исчекување сме по ова прашање да се активираат сите политички партии и пратеници кои ја добија довербата токму од граѓаните на Гостивар, да покажат дека се грижат за својата општина и придонесат за поздрава животна средина за своите сограѓани. Би споменале и дека се почесто добиваме повици од претставниците на општините кои бараат да се прекине со блокадата и овозможи истовар на ѓубре, го знаеме и податокот дека таму веќе почнуваат да се гушат во ѓубре, но одлучни сме во намерата за затворање и дислокација на Русино и спас на Гостивар, затоа апелираме во интерес на сите, што поскоро да се изнајде решение“, рече Спасовска.

Блокадата на Русино започна на 2 август.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена