Поврзи се со нас

Вести

Bo Кина успешно клонирани три „суперкрави“

Објавено

на

Научници од Кина успешно клонирале три „суперкрави“ кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко, пренесуваат тамошните медиуми. Научниците направиле 120 клон-ембриони од клетките на високопродуктивните крави и ги сместиле во сурогат-крава.

Џин Јапинг, предводник на проектот, смета дека клонирањето „суперкрави“ е голем чекор и ѝ овозможува на Кина, „на економски изводлив начин“, да ги одгледува најдобрите раси.

Само пет од 10.000 крави во Кина можат да произведат 100 тони млеко во својот живот, што ги прави вреден ресурс за размножување. Но понекогаш е тешко да се одреди точно за кое животно се работи, што го отежнува нивното одгледување. Намерата е за две до три години да се создаде стадо од повеќе од 1.000 суперкрави, за да се намали зависноста на Кина од увоз на крави, рече Џин.

Северозападниот универзитет за земјоделска и шумарска наука и технологија клонирал крави од расата „Холштајн Фризијан“ што потекнуваат од Холандија. Тие крави можат да произведат 18 тони млеко годишно, или 100 тони млеко во целиот нивен живот – што е 1,7 пати повеќе од количината млеко од просечната крава. Државниот кинески медиум „Нингшија“ пишува дека клонираните животни се родени оваа година.

Кина увезува дури 70 отсто од млечните крави од странство. Во многу земји, вклучително и САД, земјоделците ги вкрстуваат расите од овие животни заради поповолни гени и особини, со крајна цел – поголемо производство на млеко или повисока отпорност на болести.

Оваа далекуисточна земја постигна голем напредок во клонирањето животни последниве години. Во 2022., кинеска компанија го создаде првиот клониран арктички волк во светот, а во 2017. кинески научници соопштија дека произвеле клонирани говеда со зголемена отпорност на говедска туберкулоза.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена