Поврзи се со нас

Гостивар

Бочварски: Автопатот Тетово-Гостивар и останатите делници се приоритет, по завршување на постапките ќе се влезе во реализација

Објавено

на

По заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, подготвителните работи се очекува да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

При посетата на Боговиње, на новинарско прашање за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, Бочварски рече дека оваа заедно со неколку други автопатски делници е во приоритетите на Владата преку донесениот Закон со стратешкиот инвеститор „Бехтел и Енка“.

-Имаше распишано постапка за избор на консултантска куќа и надзорен орган, по што беше избрана и компанија која ќе ги врши консултантските услуги, но бидејќи не беше доставена банкарска гаранција, таа  постапка беше запрена и е распишана нова за избор на консултант и надзор што ќе ја следи градбата од самиот почеток до крајот на Коридрот 8 и Коридрот 10. Се работи за делницата Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д. Ова останува приоритет. Тука сме да ги решиме сите прашања што се јавуваат пред почнување со градбата за да сме сигурни дека кога ќе се почне со градба на автопатите ќе тече непречено и со добра динамика за да бидат завршени во предвидениот рок. Така што, автопатот Тетово-Гостивар, како и останатите делници е приоритет и по завршувањето на постапките ќе се влезе во реализација, реконструкција и проширување на целата оваа делница, рече Бочварски.

Тој најави дека кога ќе биде избран консултантот и надзорниот орган ќе пристапат кон преговарање со компанијата „Бехтел“ за што има и временски утврден рок.

-Сите подготвки очекуваме да ги направиме до крај на годината, потоа да се влезе и со постапките на проектирање и експропријација каде што е потребно, и во текот на наредната  година да видиме полн прогрес на работа на терен заради тоа што тоа се многу значајни патни правци за кои државата е подготвена да издвои средства како никогаш досега и да ги реши и  да ги затвори Коридорот 8 и  Коридорот 10, рече Бочварски.

Прашан за динамиката на изградбата на автопатот Скопје – Блаце и доцнењето поради проблеми со експропријација, посочи дека се работи на првата делница и оти се очекува наскоро да се распише тендерската постапка за втората  делница, која е покомплексна и поголема.

– Се работи на сите автопатски делниции, експресните патишта, како и на Скопје-Блаце, така и на делницата од Градско кон Дреново,  Дреново-Фариш, Плетвар,… наскоро почнуваме со железничката пруга кон Бугарија каде имаше застој. Сите овие проекти се многу значајни во време на енергетска криза, па и претходно ковид криза,  за да средствата како капитални инвестиции ги вбризгаме во економијата за да можат компаниите полесно и пофункционално да ја пребродат, изјави Бочварски.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 3 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 4 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 6 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 6 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 20 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена