Поврзи се со нас

Гостивар

Бочварски: Месецов очекуваме избор на надзор на градбата на автопатот Тетово-Гостивар

Објавено

на

Се уште трае процедурата за избор на консултантска куќа за надзор на изградбата на дополнителни коловозни ленти и реконструкција на автопатот Тетово – Гостивар. Откако есента во 2022 година беше поништен изборот поради недоставена банкарска гаранција, сега процесот е во жалбена постапка, соопшти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од тетовско Желино, кога ќе почне најавена реконструкција и проширување на делницата помеѓу Тетово и Гостивар.

Освен за Тетово – Гостивар, избраната компанија ќе соработува со изведувачот и за другите делници по Гостивар се до Ќафасан, како и Прилеп – Битола.

-Во Јавното претпријатие за државни патишта во тек е постапка за избор на консултант и надзорен орган кој што ќе ја следи работата на изградбата во целиот период на овие автопатишта. Во тек е жалбена постапка која има строго утврдени рокови, по завршување на овие рокови, нашите очекувања се дека во тек на јануари ќе имаме веќе завршен избор со завршени жалбени постапки на консултантска компанија и веднаш таа компанија ќе влезе во преговори со компанијата „Бехтел“ за сите останати детали, рокови, динамични планови, цени на изведба на овие делници, зошто доколку е успешен тој договор ќе се случи договор со компанијата „Бехтел“. Сметам дека сме на самиот крај за избор на консултантска компанија во јануари за потоа да се оди понатаму, изјави Бочварски.

Во регионот, според Бочварски, за обиколница за Тетово од кај Требош кон Непроштено постпката за проектот е кон самиот крај.

-И очекувам оваа година да се распише тендерска постапка.Таму има две фази на проектирање на оваа делница и очекувам да биде распишана постапка за избор на компанија која што ќе влезе во реализација на овој многу значен проект за Тетово и за целиот регион со што ќе го растоварат целиот регион и ќе даде шанса за побрз развој, рече Бочварски.

На новинарско прашање дали ќе има и излез на другата страна од автопатот кон Технолошко-индустриско развојната зона, Бочварски рече дека предвидена е клучка.

-Предвидени се сите елементи кои се потребни и дозволени согласно законот и правилниците на државата за да има доволно дистанца и растојание, да може безбедно да фунцкионира кога ќе биде изградено, како проекти и како објект, потенцира министерот.

Бочварски повтори дека година ќе се реализираат преку 110 километри автопатишта со градење на делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола. 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена