Гостивар
Бочварски најави почеток на постапката за проширување на патот Тетово-Гостивар
Еден од приоритетите на новата Влада во инфраструктурата ќе биде проширувањето на патот Тетово-Гостивар, најави денес министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Овој патен правец е многу фреквентен, а претесен и незаштитен, поради што честопати се случуваат сообраќајни несреќи, гужви и застои.
Министерот истакна дека ќе се спроведат и други проекти и западниот коридор 8 ќе се претвори во модерна патна врска.
„Ќе започнеме со постапка за проширување на автопатот од Тетово до Гостивар, истовремено вршиме проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, со што цел западен Коридор 8 ќе биде една модерна врска.“, рече Бочварски.
Според претходните најави, патот Тетово-Гостивар ќе стане стандарден автопат со по три коловозни ленти во еден правец. Лентите ќе бидат широки од 2,5 метри до 3,75 метри.
По оваа делница, којашто е долга околу 22 километри, просечно дневно минуваат околу 13 илјади возила. Од пуштањето во употреба на патот во 1996-та година, до сега не се извршени позначајни зафати за негова реконструкција.
Голем проблем за возачите претставуваат и бездомните животни, кои излегуваат на коловозот. Заштитната ограда што треба да ги спречува во неконтролираното движење честопати е мета на крадци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар