Спорт
Бод за Македонија од гостувањето во Грузија

Македонската фудбалска репрезентација успеа да извлече бод од тешкото гостување во Тбилиси. Во рамките на второто коло од Лигата на нации Македонија одигра 1:1 со репрезентацијата на Грузија.
По освоените три бода во првото коло од Лигата на нации, овојпат македонската репрезентација имаше многу потешка задача против Грузија. Но сепак, на извонредно тешкиот терен за игра, остана непоразена освојувајќи бод, иако во голем дел од второто полувреме имавме играч помалку по исклучувањето на Висар Муслиу во 64-та минута од мечот.
Грузија дојде во водство уште во 13-та минута преку Торника Окриашвили од пенал, кој беше досуден по прекршокот на Алиоски врз Квараташелија.
Македонската репрезентација се врати во мечот, па така по одличната акција на Горан Пандев и Стефан Ристовски, десниот бек на Македонија со својот втор гол во репрезентативниот дрес, успеа да го израмни резултатот на 1:1 во 33-та минута, кој избраниците на Ангеловски и покрај исклучувањето на Муслиу во второто полувреме, успеаа да го сочуваат до крајот на натпреварот. За одбележување е и интервенцијата на нашиот голман Дамјан Шишковски во последните моменти од мечот по која лесно можеше да се случи Грузија да ги освои сите три бода од овој дуел.
Така, по две одиграни кола, со освоени четири бода, исто колку што има и Грузија, Македонија се наоѓа на чело на табелата од втората група во Ц дивизијата од Лигата на нации. Ерменија, по вечерашната поеда од 2:0 против Естонија, со освоени три бода се наоѓа на третото место, додека Естонија е последна без ниту еден освоен бод.
Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува натпреварите од Лигата на нации во октомври кога најпрвин гостува во Естонија, на 11-ти, а три дена подоцна, на 14-ти октомври ја пречекува репрезентацијата на Грузија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила