Поврзи се со нас

Култура

Богата културна понуда и подновување на салите во Центарот за култура во Гостивар

Објавено

на

Националната Установа Центар за култура АСНОМ во Гостивар ја заокружува 2016-та година со целосно реализирана програма и спроведени проекти за подобрување на условите во салите кадешто се одржуваат настаните. Во текот на годинава, биле организирани над 100 разни културни настани, од кои 20-тина со поддршка на Министерството за култура, а останатите со сопствени средства.

„Имавме богата година кога е во прашање културното живеење. Особено сме многу  задоволни од поетскиот фестивал „Литературни искри“ , кој верувам дека ќе остане традиција на Гостивар. Исто така, ние како установа направивме напор со соодветни свечености да ги одбележиме сите национални празници. Треба да споменеме дека им дадовме можност за промовирање на авторите и уметниците не само од Гостивар, туку и надвор од градот, па и надвор од границите на земјава“, оценува директорот на НУЦК АСНОМ, Луан Зенки.

Во соработка со Младинска Артистичка Корелација беа организирани неколку манифестации и одбележувања на значајни датуми.

Што се однесува до инфраструктурните проекти, во големата сала во Центарот беше извршена целосна реконструкција на кровот за да не прикиснува при дождливо време, додека во малата сала беше инсталиран систем на парно греење.

Во текот на јануари, ќе се знае точно колку и кои проекти ќе ги реализира Центарот за култура во Гостивар, следната 2017-та година.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена