Гостивар
Богата понуда, но високи цени на пазарот во Гостивар

Првиот ден од рамазанскиот пост во Гостивар се поклопи со пазарниот вторник, па на гостиварскиот пазар од утрово беше пораздвижено. Можеше да се забележи дека тезгите изобилуваат со разновиден зеленчук, овошје и други производи, имаше и граѓани излезени да пазаруваат. Сепак, рекоа дека желбите и потребите мора да ги прилагодат според можностите, затоа што цените сезонава се повисоки, а владее сиромаштија.
Килограм банани се продава по цена од 60 денари, додека портокалите се 40 денари. Цената на краставиците се движи меѓу 50 и 60 денари, јаболката се продаваат по 3 или 4 килограми за 100 денари. Доматите и пиперките „држат“ највисока цена. Првите 80 и 90 денари за килограм, а вторите 90 до 100 денари килограм.
Стариот кромид се продава 20 до 25 денари за килограм, компирот 10 до 15 ден/кг и спанаќот 50 денари за 2 килограми.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година