Поврзи се со нас

Македонија

Богојавление – Водици, голем празник за православните христијани

Според календарот на Македонската православна црква денес (19 јануари) се слави празникот Водици (Богојавление) кој се смета за еден од најголемите христијански празници, како ден кога Исус Христос бил крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Празникот се нарекува Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден, со што се верува дека водите стануваат лековити.

Традиционалното одбележување налага во реките да се положуваат крстови, а млади момчиња скокаат да ги фатат. Верувањето е дека оној што ќе го фати крстот ќе има благослов и среќа во текот на целата година. Самиот чин на фаќање на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Именден денес празнуваат: Богдан, Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил, Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница…

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!