fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

„Богородичниот пливачки маратон“ во Леуново годинава ќе се одржи на 29 август

Објавено

на

Годинава како дел од одбележувањето на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ во водите на Мавровско езеро, во село Леуново ќе се одржи вториот Богородичен пливачки маратон „Леуново 2020“.

Пливачкиот маратон ќе се одржи на 29 август. Пливачите ќе стартуваат во 11.00 часот на плажата под хотел Радика, во с.Леуново, каде е поставен стартот и според правилата на FINA за трки под 25км OWS 6.16.1, натпреварувачите ќе мора да ја препливаат делницата за помалку од 30 минути. Трката ќе биде во должина од 2,5 км, и ќе се плива во круг, секој круг е со должина од 500м. Предвидена е и промотивна трка од 800 м каде учество ќе земат пливачи родени 2009 и помлади.

Поради ситуацијата со коронавирусот и почитување на протоколите, нема да има организиран превоз до местото каде што ќе се одржи трката и поради истата причина доделувањето на наградите нема да биде во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ туку најдобрите пливачи ќе се прогласат на брегот на езерото под хотел Радика, каде под посебен протокол сами ќе ги подигаат наградите.

Според пријавите, се очекува присуство на 60 пливачи од 10 клуба од Македонија.

Вториот Богородичен пливачки маратон „Леуново 2020“ кој е дел од Купот на Македонија во далечинско пливање е во организација на Националната пливачка федерација, а истиот го помогнаа: Општина Маврово-Ростуше, Национален парк Маврово, Ресорт Маврово и Ски центарот и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

Маратонот во пливање „Леуново 2020“ е дел од прославата на селската слава „Успение на Пресвета Богородица“, која традиционално се одржува на 28 август, како и во чест на првиот поглавар на МПЦ, г.г. Доситеј кој потекнува од с.Маврово.

Годинава поради панедмијата, централната прослава во црквата во Леуново, ќе се одржи под посебни услови.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Како треба да се одвива наставата во училиштата?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!