Гостивар
Богослужба во црквата „Пресвета Богородица“ во Гостивар за Велики Четврток
Во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на протоереј Маријанчо Мадевски, ереј Мартин Андоновски, ереј Илија Сламков и ѓакон Славче Ѓоргески богослужеше Вечерна со Василиева литургија, во чест на Велики Четврток.
По литургијата беше извршен чинот на Општ маслосвет. На литургијата митрополитот г.Јосиф проповедаше за значењето на денешниот ден, настаните што се случиле на Велики Четврток: миењето на нозете на Апостолите од страна на Христа, Тајната Вечера, предавството на Јуда и Христовата молитва во Гетсиманија, како најсилен израз, заедно со Крстот на Голгота, на Божјото искупително дело за човекот.
„Преку овие четири Божествени настани допираме до смирената, пожртвувана, принесена и предадена љубов на нашиот Господ Исус Христос.“, рече Владиката.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар