Рецепти
Бојадисајте ги велигденските јајца со помош на шлаг

Стандардното бојадисување на јајцата за Велигден бара многу внимание и знае да создаде маки на домаќинките. Јајцата при бојадисувањето во топла вода честопати напукнуваат, некогаш бојата не фаќа како што треба и сл. Освен тоа еднобојните јајца стануваат и монотони. За да ви дадеме идеја и да ве инспирираме за нешто поинакво, ви презентираме нова популарна техника за бојадисување на велигденски јајца.
Се што ви треба за овие интересни и шарени јајца :
-Шлаг или изматена слатка павлака
-Различни бои за храна ( течни )
-Сад каде што ќе го поделите шлагот
-Оцет
-Лажичка
-Сварени јајца
Шлагот или матената слатка павлака ги ставате во сад (се препорачува некој постар сад). Додавате капки од боите за храна што сте ги одбрале, па со помош на лажичката мешате, при што се добива дезен како разнобоен мермер. Додавате и неколку капки оцет.
Следна постапка е сварените јајца, едно по едно, да се стават во садовите со шлаг така што ќе треба да се намачкаат со шлагот и да отстојат 15-30 мин. (што подолго – тоа подобро). На крај со салвета се бришат јајцата, а на нив останува боја која што е пастелна и нежна. Шарите наликуваат на галаксија. Секое обоено јајце ќе биде посебно, некое ќе остане полу – бело, а некое ќе има омбре шара.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022