fbpx
Поврзи се со нас

Спорт

Бојан Трајковски од Перм: Не сме без шанси за успех

Објавено

на

Нашата најдобра кошаркарска селекција нема многу време за одмор и анализи после поразот од Италија, бидејќи уште денес, избраниците на селекторот Тодоров ги очекува нов дуел, овој пат против домаќинот, Русија.

Бојан Трајковски беше еден од четворицата играчи во нашата селекција кои премиерниот меч од квалификациите за ЕП 2022 во Перм, го завршија со двоцифрен број на поени. Пред денешниот дуел тој вели:

„Нема да менуваме ништо. Она што го одигравме вчера со Италија, ќе го играме и против Русија. Одиме на победа против домаќинот. Одиме да си покажеме на самите себе дека можеме да играме со големите репрезентации. Штета е што добрата игра со Италија не ја наградивме со победа. Но што е тука е, на крајот на денот излеговме со кренати глави по тој натпревар, кој ни даде некои насоки каде би можеле да ја унапредиме нашата игра“.

Русија игра малку поразлично во однос на Италија. Не форсираат шут како италијанците, имаа доста подолги напади. Тоа веројатно би одговарало на стилот на играта кој ние го преферираме?

„Ниту еден меч не е ист, па таков нема да биде ниту денешниот со Русија. Сепак, домаќини се. Имаат ‘потреба’ од уште една победа, и јасно е дека ќе притиснат, во желба да го осигураат пласманот на ЕП. Можеби имаат ‘поспор’ напад, но имаат ‘сајз’, доста висока постава, која ќе ни прави проблеми во нападот. Се надевам дека ќе бидеме уште подобри на овој меч, и дека не сме без шанси за успех“- дополнува некогашното крило на КК Гостивар.

Дуелот со Русија во Перм се игра денеска од 15.30 часот по македонско време. Македонската репрезентација е во трка за третото место кое носи пласман на Евробаскетот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!