Референдум 2018
„Бојкотирам“ во Гостивар: „Власта е очајна, знае дека нема поддршка, ќе врши притисок за укинување на референдумот“

Под мотото „Македонија бојкотира“ во Гостивар се одржа собир во Летниот Амфитеатар, кој го организираше Кризниот штаб за бојкот на Референдумот, што го сочинуваат партии, организации, здруженија, иницијативи. Јанко Бачев, претседател на партијата „Единствена Македонија“ пред присутните им порача на граѓаните да не излегуваат на Референдумот, да не дозволуваат да бидат изманипулирани и да се борат за името и идентитетот.
„Треба да се бориме Референдумот да не успее. Ова е света борба за сите нас како Македонци, да останеме свои на своето. Ова е момент кога треба сите да се обединиме како Македонци, без разлика на политичките определби бидејќи ова не е борба на индивидуалци, на партии и не е борба за власт, туку борба за опстанок на цел македонски народ. Борба за опстанок на Македонија и на Македонците.“, рече Бачев.
Според него власта е свесна дека нема поддршка од граѓаните за Референдумот, а седницата на Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распишување Референдум е наменска, со цел истата да се укине. „Многу е веројатно седницата на 19 септември, на која ќе се разгледува одлуката да е наменски свикана, да се направи притисок за укинување. Со тоа сите да се извлечат од овој голем срам. Потоа нормално Заев ќе се повика на демократијата, дека Судот така одлучил и тој не се меша во судството. Се потврдува тоа што го кажавме уште пред еден месец, дека резултатите на анкета што си ја нарачале интерно, за своја употреба биле катастрофални, дури 80% од Македонците се изјасниле дека ќе го бојкотираат референдумот“, истакна Бачев.
На собирот во Гостивар свои обраќања имаа и Чеде Цветановски и Љупчо Велјановски, кои се дел од Кризниот штаб „Бојкотирам“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос