Гостивар
Болница Гостивар: Нови решенија за 23 медицински сестри кои завршиле високо образование

Направена е трансформација на работните места за дваест и три медицински сестри вработени во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Како што соопштија од болницата, тие денес добија нови решенија за професионален развој, со оглед на тоа што во меѓувреме завршиле високо образование.
„Директорот д-р Јакуп Јакупи на вработените им подели нови работни решенија за професионален развој, затоа што истовремено додека работеле и имале статус со средно образование (медицинска сестра), завршиле високо образование за медицински сестри. Директорот д-р Јакупи им честиташе за храброста, напорот и придонесот даден низ годините во оваа институција. Тој истакна дека го радува фактот што и по многуте технички и правни проблеми во врска со систематизацијата и трансформацијата на работните места конечно работата е завршена. Сега трудот и вложеното време за образование се прифатени, ценети и компензирани. Сите присутни им се заблагодарија на директорот и администрацијата за волјата и мотивацијата, дадени за трансформацијата на работните местата од средно во високо образование.“, извести болницата.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер