Поврзи се со нас

Гостивар

Болницата во Гостивар доби современо хируршко одделение според европски стандарди

Објавено

на

Денес во употреба беше пуштено реконструираното хируршко одделение во гостиварската општа болница „Др.Ферид Мурад“. Со средства во висина од 15 милиони денари од буџетот на болницата, извршена е целосна реконструкција, поставени се специјални подови, нови врати и прозорци, посебна просторија за интензивна нега на оперираните пациенти, целосно реновирани болнички соби, опремени со клима уреди и телевизори.

Новата хирургија во Гостивар ја предаде во употреба министерот за здравство Венко Филипче.

„Минатата година имавме уште еден убав повод за посета на болницата во Гостивар, тоа беа целосно реновирани операциони сали со нова опрема, сега и хируршкото одделение. Се надевам дека ќе имаме само вакви убави настани тогаш кога ќе помине оваа криза со ковидот. Дозволете да ја најавам магнетната резонанса за Гостивар, која болницата  ќе ја добие наредната година. Иако планиравме за годинава, тоа беше одложено поради состојбата со ковид. Дозволете ми да ви честитам, да порачам сите заедно да издржиме, сега е најголемата криза и ќе трае некое време, јас верувам во вашите способности, организациски капацитети и вашата струка затоа што ова население од околината на Гостивар е население кое со години наназад добива квалитетна здравствена заштита“, изјави Филипче.

Директорот на гостиварската болница Јакуп Јакупи нагласи дека одделението за хирургија било иградено во 1978 година и ова е прва поголем аинвестиција што болницата ја прави од сопствен буџет.

„Капацитетот на одделението е 36 кревети. Претходно имавме 33 кревети, а сега со преориентирање на некои простории добивме 36, со подобри услови за пациентите, кои како што и самите гледате се на европско ниво. Тоа е се‘ со цел да им го направиме престојот на пациентите колку што можеме попријатен, барем да придонесеме колку што е можно подобро да се чувствуваат додека се хоспитализирани“, изјави Јакупи.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 8 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 10 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 11 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 13 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 14 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 15 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена