Гостивар
Болницата во Гостивар ќе добие апарат за магнетна резонанца
Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар во текот на оваа година ќе се снабди со магнетна резонанца, апарат со чија помош се дијагностицираат сериозни болести. Со ова ќе се намалат трошоците за граѓаните кои за ваква услуга сега мора да патуваат во други градови или да плаќаат во приватни установи суми од 200 до 500 евра.
Магнетната резонанца за Гостивар ја најави министерот за здравство Венко Филипче, при последната посета на гостиварската болница викендов.
„Болницата во Гостивар е позната по својата експертиза, бројните специјалисти и експерти коишто работат во сите сфери и области. Изминатиот период се реновираа целосно операционите сали, хируршкото одделние, следи целосно реновирање и на интерното одделение. Оваа година, после долго време за прв пат болницата во Гостивар ќе добие магнетнта резонанса и тоа значи дека сите жители кои имаат потреба од овие услуги повеќе нема да треба да патуваат во Скопје, туку овде ќе ги прават тие снимања“, рече министерот.
Периодов за болницата во Гостивар со грант од програмата за проекти и човекова безбедност од Амбасадата на Јапонија, се обезбеди дигитален рентген апарат, вреден над 660 илјади евра.
Оваа здравствена установа опслужува околу 200 илјади пациенти од регионот.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 2 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба