Гостивар
Болницата во Гостивар ќе прими 12 специјализанти-Гинеколози, педијатри, кардиолог…

Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар ќе зајакнува со медицински кадар. Подолго време установата се соочува со недостиг на лекари специјалисти од повеќе области, а со новиот конкурс и специјализациите кои се веќе остварени и се во тек, се очекува тој проблем полека да се надминува.
Како што информираше директорот на болницата Бесник Зеќири, отворен е конкурс за прием на 12 специјализанти, кој се реализира преку Министерството за здравство. Воедно течат и триесетина специјализации од самата болница.
„Имаме отворено конкурс за 12 специјализанти, од сите области: кардиолог, гастролог, двајца гинеколози, невролог, невропсихијатар, двајца педијатри. Значи, од сите бранши што ни се потребни и недостатсуваат токму во тие одделенија. Предвидено е тие сите да се при крај на специјализацијата, така да веќе крај на годината ќе бидат специјалисти. Исто така, имаме околу 30 други специјализанти внатрешни, од кои 10 ќе завршат до крај на годината. Така, верувам дека со наши сили и со помош од Министерството за здравство, ќе бидеме доволно кадровски зајакнати“, рече Зеќири.
Од управата на установата подвлекоа дека освен на кадровско доекипирање, континуирано работат на подобрување на условите и проширување на услугите за пациентите. Во болницата минатата недела беше промовирано реконструираното интерно одделение, а следен најавен зафат е реновирање на очниот оддел.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?