Поврзи се со нас

Гостивар

Болницата во Гостивар потрошила 7,3 тони кислород во ноември за пациентите со ковид

Објавено

на

Рекордна потрошувачка на медицински кислород во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, поради потребите за лекување на пациентите со ковид. Во време на пандемијата се троши и до 10 пати повеќе кислород, од претходно. Поголемиот дел од пациентите кои се хоспитализирани имаат потреба од кислородна терапија, а нивниот број со есенскиот бран на коронавирус постојано расте.

Според податоците од болницата, во ноември е забележана рекордна потрошувачка на кислород од 7,3 тони. Директорот на болницата Јакуп Јакупи вели дека до сега успевале да одговорат на потребите, но неопходно е да го засилат капацитетот.

„Зголемувањето одело постепено, со порастот на бројката на пациенти. Во јули се потрошиле 1,3 тони, август 2,5 тони, септември над 3, а веќе во ноември 7,3 тони кислород. Тоа е период кога веќе почнавме да примаме пациенти и на интерното и на невролошкото одделение. Централната кислородна станица е од постарите, од времето кога е градена болницата, па сега правиме напори да го модернизираме снабдувањето, да ставаме поголеми боци за на тој начин да се намалат трошоците околу снабдувањето“, вели Јакупи.

Во наредните денови до постоечката централна кислородна станица, ќе биде поставено бетонско плато за цистерна. Преку неа ќе се обезбедуваат дополнителни количини кислород за пациентите во гостиварската болница.

„Оваа недела направивме план да отпочне процедурата, до кислородната станица да се постави бетонско плато кое ќе може да издржи поголема тежина и во наредните денови на него ќе се монтира цистерна со приближно 1,5 тони кислород. Тоа ќе овозможува да се олесни снабдувањето, а секкао ќе остане и како придобивка за болницата.“, вели директорот.

Во општата болница во Гостивар актуелно три одделенија се претворени во ковид центри, инфективното, дел од интерното и невролошкото со вкупно 83 легла.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 8 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 10 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 12 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 12 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 13 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 14 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 16 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 18 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена