Локални избори 2017
Болните и немоќните за гласање треба да се пријават најдоцна седум дена пред изборите
Лицата кои не се во можност да гласаат на гласачкото место (немоќно или болно лице според упатството на Државната изборна комисија), а сакаат да гласаат, треба да ја известат општинската изборна комисија, најдоцна седум дена пред денот определен за гласање. Комисијата подготвува листи на немоќни или болни лица кои ќе гласаат во своите домови и ги доставува до избирачките одбори. На 14-ти октомври, еден ден пред денот на изборите, како болни и немоќни ќе можат да гласаат само лицата кои се наоѓаат на листите. Гласањето го спроведува Избирачкиот одбор каде лицето е запишано во Избирачкиот список на адресата која гласачот ја пријавил.
Законот определува дека „Под немоќно или болно лице се подразбира лицето кое не е во можност да ги врши основните животни потреби (не е во можност да се движи во станот ниту со користење на соодветни помагала, да одржува основна лична хигиена, да се облекува, да зема храна, ниту да врши други дејства за задоволување на основните животни потреби), односно лицето е неподвижно, потполно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервно мускуларни заболувања, церебрална или детска парализа или параплегија“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија