Вести
Болницата во Гостивар ќе се поднови со два современи рендген апарати
Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар ќе добие два нови современи рендген апарати, кои се на листата на приоритетна дијагностичка апаратура за установата. Останатите проблеми, како санација на тоалетите, замена на прозорци, врати и слично ќе се решаваат чекор по чекор. Ова го најави заменик министерот за здравство Асим Муса, кој денес беше во посета на болницата.
„Целта на посетата е да се запознаеме со состојбата во болницата, потребите и приоритетните проблеми за да можеме да преземеме соодветни мерки. Барањето за нови рендген апарати е прифатено и ќе се реализира во најскор можен рок“, изјави Муса.
Директорот на болницата Јакуп Јакупи изјави дека му укажал на заменик министерот за поитните потребни интервенции, и го информирал за состојбата со кадар, кој со последните два конкурса за вработување на 40-тина медицинари, речиси се комплетира.
„Заменик министерот и претставниците на проектната единица на Министерството ги слушнаа проблемите, па очекуваме дека ќе се започне со решавање се со цел пружање на подобри услуги на нашите пациенти“, рече Јакупи.
Раководството на болницата планира откако во кабинетот за Рентген ќе се постават новите апарати, еден од сегашните да биде префрлен во Ургентниот центар.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди