Гостивар
Болницата во Гостивар наскоро со нов дигитален рендген
Во општата болница во Гостивар се прават подготовки за монтирање и ставање во функција на нов современ дигитален рендген апарат. На одделението за рендгенологија се започна со демонтирање на стариот апарат и адаптација на просторијата за поставување на новиот. Дигиталниот рендген чини 100 илјади евра, а болницата го набавува со сопствени средства.
Раководителот на одделението др.Љубица Анастасиеска смета дека новиот апарат ќе придонесе за поквалитетни услуги за пациентите и прецизно дијагностицирање на болестите.
“Се заблагодарувам на менаџментот на болницата што овозможија набавка на овој апарат, кој ни беше потребен долго време. Се надевам дека во најскоро време ќе се завршат неопходните подготовки и ќе биде ставен во функција”, рече Анастасиеска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар