Занимливости
Болоња – „највкусниот“ град на светот
Многумина ја сметаат Италија за вистинското гурманско средиште. И, додека Италијанците, во зависност од градот каде што живеат, би се заколнале дека нивното место е центар на највкусните задоволства, се чини – еден град во оваа земја сепак е „залче“ пред останатите…
Имено, читателите на најпознатиот портал за патувања – „Конте наст травелер“ (Conte Nast Traveler) ја избраа Болоња како „највкусен“ град во светот.
Болоња е главен град на италијанскиот округ Емилија-Ромања, која стручниот тим на „Лонли планет“ (Lonely Planet), на пр. ја нарече – гастрономски рај на Земјата. Оттука потекнуваат „пармезанот“, „мортаделата“, пршутата од Парма и „ацето балсамико“. Овој град е нарекуван и „La Dotta“ – „научен“, „La Rossa“ – „црвен“ (алузија за архитектурата во стариот дел на градот), но и „La Grossa“, што во превод значи – „дебелката“…
Во Болоња првпат се направени лазањите, болоњските тортелини и шпагетите „Болоњезе“.
Готвачите овде се посветени на најдобрите можни состојки, одгледани или произведени во оваа област, сезонски, како и оние произведени со што е можно помало човечко влијание.
И, додека многумина брзаат во други италијански градови – Рим, Милано, Венеција итн., Болоња честопати е потценета. Тоа го покажува и податокот дека во 2019 година забележал бледи 1,5 милиони посетители, додека гореспоменатите градови привлекуваат над 10 милиони луѓе годишно.
Помалиот број на посетители е она што ја прави посебната атмосфера во овој град, како и односот кон туристите. Имено, рестораните секогаш се трудат да го дадат својот максимум за да им угодат на своите гости.
Сѐ ова можеби придонесе Болоња да биде „повкусна“ од сите други градови во светот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар