Поврзи се со нас

Гостивар

Бонд, Џејмс Бонд – Европски мит кој трае

Објавено

на

Мал број на измислени ликови имаат толкаво влијание како популарниот таен агент Џејмс Бонд. Додека премиерата на новото продолжение е одложена поради пандемијата, колумнистот на Deutsche Welle Кристофер Неринг потсетува на „007“ универзумот.

„Џејмс Бонд нема време да умре“, е називот на новиот, 25-ти филм, за агентот Бонд. Филмот кој треба да пристигне во кината годинава. Сепак, тајниот агент „007“ премиерата закажана за 2 април ја одложи до 12 ноември.

За разлика од фудбалот, Олимпијадата или киното, Бонд класиците се достапни и сега. Бонд е повеќе од суперагент во службата на Нејзиното Височество – тој е паневропски мит.

Како и Европа што ја познававме пред короната, Бонд се издигнуваше врз урнатините од Втората светска војна. Дванаесет романи од серијалот „Бонд“ беа објавени во периодот од 1953 до 1964 година и секој го отсликува искуството на авторот Јан Флеминг во светските шпионски пресметки за време на Студената војна. Флеминг тогаш бил активен во британската поморска тајна служба и инспириран од вистински луѓе и операции.

Креаторот на Џејмс Бонд подоцна беше близок пријател со шефот на ЦИА, кој пак беше прогласен за голем обожавател на Бонд. Тој за списанието „Лајф“ изјави дека неколку пати побарал од одделот за технологија на ЦИА да направи генијални уреди како „Q“. Мислејќи на предавателот за следење кој Бонд го постви во багажниот простор на негативецот Голдфингер, или отровното сечило што Роза Клеб го испушта од чевлите во филмот „Од Русија со љубов“.

На снимањата

Германката Лоте Лениа ја глумеше Роза Клеб во „Од Русија со љубов“ во 1963 година, а Герд Фребе, или Аурик Голдфингер, кој веќе од следната година ја започна малата традицијата на „лоши момци“ од германско говорно подрачје. Кристофер Волц како вечен негативец, а Ернст Ставро Блофелд ја продолжува традицијата во филмовите „Спектра“ и „Не е време да умрање“.

Но, покрај нив, има и филмски великани како Курд Јиргенс во „Шпионот кој ме сакаше“ или Клаус-Марија Брандауер – Максимилијан Лаго во „Никогаш не вели никогаш“.

Целиот филмски лик „Блофелд“ со карактеристична лузна на десната страна на лицето беше моделиран по австрискиот офицер на SS, Ото Скорџани. Неговото лице со децении е симбол на апсолутно зло. А во повоениот период тоа можел да биде само некој нацист.

Но, за тоа има и многу логично објаснување: Агентот е роден во раните 1920-ти во германската област Рур, каде неговиот татко бел дел од британските окупаторски сили по Првата светска војна.

Така барем се вели во единствената „авторска биографија“ од 1973 на авторот Џон Пирсон. Џејмс ја наследил својата аверзија кон германците од неговиот татко – и тоа е засновано на катастрофата од 20 век. „злобниот германец“ било непогрешлива реакција во времето по Втората светска војна.

Сепак, Првата и Втората светска војна за Бонд се само ирелевантни приказни во позадина во однос на Студената војна. Главниот конфликт во универзумот на Бонд беше меѓународниот системски конфликт на истокот и западот, комунизмот и западната демократија, пишува Deutsche Welle .

Навреда за Советскиот Сојуз

Влијанието на Бонд филмовите во Студената војна било огромно. Доведувајќи и до официјални политички реакции: По филмот „Од Русија со љубов“, Советскиот сојуз бил толку навреден што не само што ги забрани сите филмови на Бонд до средината на седумдесетите, туку и изврши притисок врз многу земји да го забранат филмот во кината.

И уште нешто: Бонд беше официјално прогласен за несакана личност во СССР. Дипломатските санкции за измислениот лик беа навистина уникатен настан. Сосема е јасно: Бонд беше сериозно сфатен од сите страни и најде место во културната политика и на истокот и на западот.

Шпионски направи, трикови, автомобили, жени, забави и спектакуларни локации за снимање – многу гледачи и денес уживаат во овие филмови. Она што навистина е важно се негативците и сценаријата исполнети со неизвесност. Сè се врти околу тоа.

Самиот Бонд ги менува нијансите и има многу малку простор за промени и игра. Тој секогаш ќе биде победник, секогаш Британците и секогаш човекот. Продуцентите тоа јасно го ставија на знаење во најновиот филм „Не е време за умирање“.

Европски мит

Но, тоа не важи за неговиот противник во филмовите. Затоа што, негативецот и неговите планови секогаш се менуваат со времето. Преку злобните Германци и Студената војна, потоа заканите за светскиот мир („Дијамантите се вечни“, „Само двапати се живи“ или „Операција универзум“), нуклеарната терористичка група („Операција гром“), првата војна во Авганистан („Здив на смртта“), шверцерите на дрога од Централна Америка („Дозвола за убиство“), постсоветските шверцери со оружје („Златно око“), конфликти на ресурси („Зрно утеха“), сè до тероризам и дигитален масовен надзор („Спектар“).

Сагата на Бонд ги одразува специфичните закани што се карактеристични за даденото време. А колкава е возбудата поради тоа, говори и новиот негативец Рами Малек, кој го игра Сафин во „Не е време за умирање“.

Многумина се заинтересирани за одговорите на прашањата: кој ќе го глуми новиот Џејмс Бонд, какво зло сега ќе се закани, но и изгледот и имиџот на жените во филмовите. Речиси е неверојатно колку може еден измислен лик може да иницира вакви дебати.

Секое време и секое општествено прашање сака да се рефлектира преку Бонд, и секоја земја и секој град сака да бидат во сцените позади агентот „007“, бркајќи ги негативците и доживувајќи авантури.

Бонд, Џејмс Бонд, одамна е заеднички европски мит, роден во Студената војна.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена