Занимливости
Бонтон правила кои секојдневно ги кршиме
Правилата за убаво однесување не се секаде исти. Ескимите се допираат со носовите кога се поздравуваат, Јапонците секогаш ги соблекуваат чевлите кога ќе влезат во домот, а во Тајланд се смета за непристојно покажувањето на ѓонот од чевлата на некого. Сепак, постојат универзални правила при кои треба да се придржуваме сите без разлика на која и националност да припаѓаме. Сите сакаме да бидеме љубезни, зар не?
На листата на секојдневни кршења на правилата од бонтонот се најдоа неколку кои, за жал редовно се практикуваат.
- Ја носиме чантата преку десното рамо, иако правилно се носи преку левото, за да десната рака ни биде слободна да се ракуваме со познананиците, кои ќе ги сретнеме.
- Кога заминуваме од теретана, забораваме да ги избришеме справите со кои сме вежбале и така ги оставаме испотени и валкани, за следните корисници.
- Во сала со седишта им вртиме грб на другите, во редот низ кој поминуваме, кога одиме до нашето место.
- Во време на паузата помеѓу залаците додека јадеме, ја ставаме користената вилушка до чинијата, наместо да ја ставиме на чинијата.
- Зборуваме на телефон, кога чекаме во ред, а со тоа ги вознемируваме другите луѓе, особено кога сме гласни.
- Палиме цигара без да ги прашаме луѓе наоколу дали им пречи.
- Фотографираме или снимаме јавни настани и кога е назначено дека е забрането.
- Кога влегуваме во соба полна со луѓе на слава, седенки и други собиранки, не се поздравуваме со сите, туку само со луѓето со кои се знаеме.
- Го водиме нашето куче кај некој пријател, без да прашаме дали е тоа во ред.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград