Гостивар
„Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

Традицијата продолжува!. Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар и годинава на Велики Четврток (17 април) ќе одржи целовечерен концерт по повод големиот христијански празник Велигден.
Пред домашната публика со ора, сплетови и изворни македонски песни ќе се претстават играорците, солисти, народниот оркестар и триото на друштвото, и за прв пат ансамблот „Ветерани“. Освен редовниот репертоар, ќе има и дел целосно посветен на велигденските празнувања. Гости на концертот ќе бидат членовите на КУД „Брвеница“. Како изненадување на вечерта ќе се одигра хумористично-сценска постановка „Прошка“ во соработка со основното училиште „Гоце Делчев“.
Концертот се организира во соработка со Центарот за култура АСНОМ и ќе се одржи големата сала на установата. Почетокот е закажан за 18 часот, а влезот е слободен. Настанот е поддржан од Министерството за култура.
Инаку, ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ годинава прославува значаен јубилеј, 75 години постоење. Во таа чест ќе се организираат пригодни одбележувања со сите членови кои биле дел од друштвото и оставиле трага во неговото функционирање.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?