Вести Гостивар
Браќата Димитриевски, Милан Димитриески и Диме Тасовски продолжуваат во КК Гостивар

Гостиварците Ренато, Роберт и Милан се првите кошаркари на кои КК Гостивар им го продолжи договорот, односно ќе ја продолжуваат својата кариера во “бело-синиот” дрес.
Уште една сезона во Гостивар ќе одигра и Диме Тасовски, неговото искуство изминативе две сезони се покажа дека е од големо значење за играчите на теренот, што беше пресудно клубот да му ја даде довербата.
Сите четворца беа дел од составот и минатата сезона, која клубот од Гостивар ја заврши на четвртото место, што би требало да е дополнителна предност околу воигрувањето. Близанците Димитриевски имаат по 28, Милан Димитриески 25 години, Диме Тасоски 39 години.
Од гостиварскиот клуб најавуваат малку поинаков концепт за сезонава, во која поголема шанса ќе добијат домашните и младите играчи од школата на клубот. Таулант Ибраими (17) и Марко Пецаноски (16) се двајца од плејадата на млади играчи кои чукаат на вратата на првиот тим. Секако можноста е отворена за сите млади кошаркари во клубот, ќе добијат шанса да работат со сениорите, да се докажуваат и да се наметнат на тренерот Србиноски.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја