Поврзи се со нас

Вести

Британска компанија заинтересирана да инвестира во депонијата Русино

Објавено

на

Компанијата Ватерло Хастингс од Велика Британија е заинтересирана да финансира во претворање на Русино во современа депонија со фабрика за рециклажа. Директорот на фирмата Филип де Борегард и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес потпишаа Меморандум со кој отпочнуваат соработка во областа на депонирање на сметот. Овој документ е прв чекор кон решавање на еден од најгорливите проблеми во полошкиот регион, цврстиот отпад.

„Прецизиравме дека во рок од еден месец треба да се определат сите детали околу условите и обврските на двете страи. Се надевам дека и Владата ќе не` поддржи во овој правец, да изнајдеме дефинитивно решение. Нашите инвеститори се заинтересирани за менаџирање на депонијата и производство на струја од отпадот“, изјави градоначалникот.

Директорот Борегард рече дека неговата компанија е подготвена проектот целосно да го финансира, а функционирањето би било преку приватно-јавно партнерство.

„Ние соработуваме со француската компанија Етиа, која се занимава со преработка на отпад и со извори на значајни финансиски фондови. Последните неколку години го истражуваме и разгледуваме пазарот од оваа област во Македонија. Увидовме дека дефинитино има потреба од инвестирање. Конкретно во Гостивар подготвени сме да ја обезбедиме инвестицијата 100% и да одиме напред, односно да воспоставиме приватно-јавно партнерство заедно со општина Гостивар. Се надеваме дека финалниот договор ќе го потпишеме во септември, кога сите административни процедури и  документации ќе бидат завршени“, изјави Борегард.

Депоннирањето на цврстиот отпад е рак рана за општините од полошкиот регион. Изминатите години, во неколку наврати имаше најави дека депонијата ќе се модернизира и ќе функционира по светски стандарди, но до сега во тој правец, ништо не е остварено.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена