Македонија
Бројот на заболени од голема кашлица се‘ уште расте, 56 вкупно потврдени случаи
Состојбата со големата кашлица е под контрола. Не може да кажеме дека е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи и во моментот до денес се потврдени вкупно 56 случаи на луѓе заразени со голема кашлица, од кои 46 се од Скопје. Од вкупниот број случаи, 14 се деца под една година, а девет дополнително се на возраст од 1 – 4 години. Шеснаесет се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани, изјави денеска претседателот на Комисија на заразни болести Александар Петличковски по состанокот на Комисијата.
„За разлика од последниот пат кога правевме пресек на епидемиолошката состојба сега се појавуваат и адолесценти, деца на возраст 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во тек на следните недели ќе има малку промена на оваа демографска структура на позитивните случаи, односно очекуваме кај повозрасните и почесто да се потврдува оваа болест. Но, повторно сакам да потенцирам дека нашата најголема грижа како здравствен систем е спречување на ширењето на инфекцијата кај децата, кај малите деца бидејќи децата до една година возраст се најзасегнати, односно најризични по однос на оваа болест“, рече тој.
Додаде дека останува препораката за надополнување на пропуштените вакцинални дози и одзивот кој досега во изминативе денови, односно од 18 јануари кога била дадена првата препорака, до 14 февруари, вкупно се вакцинирани над 13.000 деца, што, според него, е солиден одзив, но како што кажа, се уште има илјади деца кои требало да се вакцинираат, а не се вакцинирани.
„Изготвено е упатството кое го најавивме од Институтот за јавно здравје, и тоа е сеопфатно упатство за однесување, за постапки, за тек на нештата во услови на епидемија и до крајот на неделата ќе биде и обелоденето. Има некои забелешки и идеи за подобрување, но до крајот на неделата ќе биде објавено и испратено до сите инволвирани во процесот. И уште, дискутиравме малку и за тестирањето, за начинот на организација на тестирањето за што повеќе лаборатории од јавното здравство да бидат спремни да одговорат на барањата за тестирање, така што во следниве денови навистина брзо очекуваме да се реагира, да се проценат лабораториите кои исполнуваат услови за воведување на ова тестирање и исто така да се назначи, да се формира една референтна државна лабораторија, во која би можеле да се потврдуваат случаите на пертусис позитивни од приватни лаборатории. Тоа ни се заклучоците од денешниот состанок“, кажа тој.
Во однос на тоа дали возрасните треба да се ревакцинираат, Петличковски рече дека болеста пертусис за возрасни луѓе не е тешка болест, за неа има достапен лек и нема потреба од страв.
„Возрсните луѓе, како преносители на малите деца, се опасни и затоа се размислува и се препорачува во ова упатство и нивна заштита. Прво заштита со вакцини, второ со заштита со антибиотици. Вакцини за возрасни во мометот, нема, но сме многу блиску да дојдат да се набават, мислам дека е прашање на ден, бидејќи е отпочната постапка, има најава дека ќе пристигнат многу скоро, и мислам дека од почетокот на следната недела би можеле да сметаме и на овие дози. Таа вакцина за возрасни е истата вакцин што се препорачува и за трудници“, информира Петличковски.
Додаде дека вакцините обезбедуваат имунитет што трае меѓу пет и десет години и е многу солиден, и поентата на вакцинирањето е да се преброди критичниот период на возраст за оваа болест.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград