Рецепти
Брза какао торта, лапни-голтни
Нејзиното височество „торта“ може да биде подготвена на едноставен и лесен начин, а сепак да си го зачува престолот во светот на десертите. Ова е еден токму таков рецепт за торта, со минимално потребни состојки, брз и лесен, а вкусен до небото. Лапни-голтни какао торта!
состојки:
150 гр. брашно
2 јајца
50 гр. какао во прав
1 лажичка прашок за пециво
70 гр. шеќер
6 лажички кокосово масло
50 мл. млеко
половина лажичка екстракт од ванила
подготовка: Ставете ги во длабок сад брашното, шеќерот, какаото и прашокот за пециво. Откако добро ќе ги измешате додајте ги јајцата, млекото, кокосовото масло и ванилиниот екстракт. Убаво соединетата смеса ставете ја во калап за торта (ви треба помал со оглед на количината) и печете на 180 степени 20-25 минути.
За декорација може да употребите шеќер во прав или глазура од чоколада.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk