Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Брзото одење може да го намали ризикот од срцеви аритмии

Објавено

на

    Одењето со побрзо темпо може значително да ја намали опасноста од развој на абнормалности на срцевиот ритам, покажува истражувањето објавено во реномираното научно списание „БМЈ Харт“ (BMJ Heart).

    Истражувањето ги опфатило податоците од 420.925 испитаници во рамки на „Биобанката на Обединетото Кралство“ (UK Biobank), кои доброволно пријавиле информации за нивното секојдневно темпо на одење. Од нив, 6,5 отсто изјавиле дека се движат бавно, 53 отсто со просечно темпо, а 41 отсто брзо.

    Во период од 13 години, кај околу 9 отсто од учесниците била развиена некоја форма на срцева аритмија. Според анализата, лицата што се движат со просечно темпо имале 35% помал ризик, а оние со брзо темпо 43% помал ризик од развој на срцеви аритмии во споредба со оние што се движат бавно.

    Покрај тоа, поголема изложеност на побрзо темпо на одење била поврзана со дополнително намалување од 27% на ризикот. Истражувањето притоа прави разлика меѓу различни типови на аритмии – атријалната фибрилација (неправилен ритам во горните срцеви комори) и вентрикуларните аритмии (абнормален ритам во долните комори).

    Овие состојби, ако не се третираат, можат да доведат до сериозни последици, како мозочен удар, срцева слабост или инфаркт.

    Иако истражувањето е набљудувачко и не дава директен доказ за причинско-последична врска, авторите сметаат дека резултатите се биолошки логични. Побрзото темпо на одење помага во намалување на телесната тежина, воспалителни процеси и нивоата на шеќер и крвен притисок – фактори кои се директно поврзани со ризикот од аритмии.

    Главниот автор, професорката Џил Пел од Универзитетот во Гласгов, посочува дека ова е прв труд кој директно ја испитува поврзаноста меѓу темпото на одење и појава на срцеви аритмии кај општата популација.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена