Гостивар
Брзото возење најчеста причина за сериозни несреќи, нова акција во Гостивар и Тетово

Во рамките на планираните активности за поголема сообраќајна безбедност на патиштата и улиците во Полог, денеска (23 август) од 8 до 12 часот на подрачјето на СВР Тетово беше спроведена засилена контрола на брзината со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани вкупно 32 прекршоци. Дваесет и пет возачи (Тетово-12 и Гостивар-13) ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, а 7 во Тетово во населено место. На сите возачи изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со предвидените парични глоби.
„Со оглед на тоа што и во последнава декада од месецот на патиштата во овој регион се уште е присутна зголемена сообраќајна фрекфренција, СВР Тетово уште еднаш ги потсетува и им советува на возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и докрај да ги почитуваат постоечките ограничувања, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и на тетовските и гостиварските улици. Ова, дотолку повеќе што и деновиве неприлагодената брзина е најчестата причина за случување сообраќајни несреќи и посебно за оние со најтешки последици. Се апелира, исто така, возачите да не престигнуваат на недозволени места и да држат прописно растојание кога се движат во колона, но и воопшто.“, соопшти СВР

-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава