Гостивар
Буџет на Маврово-Ростуше: Предвидени приходи од над 3,4 милиони евра и расходи од скоро 4 милиони евра

Општина Маврово и Ростуше годинава во буџетот проектира повеќе расходи од приходи. Како што информираат од локалната самоуправа вкупните приходи во буџетот се проектирани во износ од 213.736.999 денари (над 3,4 милиони евра), додека вкупните расходи во износ од 245.526.999 денари (над 3,9 милиони евра). Општинарите наведуваат дека дефицитот кој изнесува 31.791.000 денари (над 500.000 евра) планирано е да се финансира со пренесување на вишокот на приходи остварен во претходните години.
Локалната власт во 2023-та година предвидува капитални инвестиции од над 1,1 милиони евра.
„И покрај предизвиците што претстојат, Буџетот и оваа година е проектиран во насока на реализација на повеќе капитални проекти кои ќе придонесат во подобрување на патната и комуналната инфраструктура во повеќе населени места како предуслов за раст и развој на општината.
Буџетот беше усвоен од Советот на Општината Маврово и Ростуше на 16-тата седница што се одржа кон крајот на декември.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава