Поврзи се со нас

Вести

Буџет на општина Гостивар: Донесен едногласно, а останува предмет на „војна“

Објавено

на

По неколку месеци неизвесност, буџетот на општина Гостивар беше усвоен денес, на десетина дена пред последниот законски предвиден рок. Иако беше донесен едногласно, политичките препукувања околу општинските пари не престанаа.  Мнозинството предводено од ДУИ и СДСМ изгласа одлука со која во буџетот се вметнаа одредени измени и скратувања на ставки за времени вработувања и трошоци. Градоначалникот Таравари тоа го искоментира како политичка одлука со која му се врши опструкција и која ќе предизвика отпуштања од работа. ДУИ пак реагираше дека измените и дополнувањата се однесуваат на средства кои можат да се пренаменат за инвестиции, да се избегнат кршења на закони и непродуктивни трошоци.

„Изгласан е буџет со измени со што ќе се попречи работењето на општината. Целта на мнозинството во советот и на централната власт е јас да бидам прикажан како неуспешен. Планираните 12 милиони денари во програмата за времени вработувања, по инсистирање на ДУИ и СДСМ направени се скратија на само една четвртина. За жал, ова ќе придизвика отпуштања на негувателки и воспитувачки во градинките, во противпожарната служба и на дел од моите соработници“, изјави Таравари по седницата на која беше донесен буџетот.

Од ДУИ велат дека измените не ја попречуваат работата на градоначалникот, детските градинки и јавните претпријатија, туку станува збор за пренасочување на средства од позиции кои не се корисни, во капитални инвестиции за доброто на  граѓаните

„Сегашниот буџет ги исклучува правните абнормалности, како и преоптоварувањето на општинската администрација и противпожарната единица со партиски војници , без работно искуство во време кога администратици со над 10 години работно искуство незаконски се преселени во простории надвор од општинската зграда. Пред се, буџетот беше одобрен во корист на жителите на Гостивар и се надеваме дека градоначалникот конечно ќе почне да работи.“, наведуваат од  ДУИ

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 23 часа

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена