Поврзи се со нас

Вести

Буџетот на Гостивар на политичка нишалка – ДУИ најавува изгласување, Таравари прашува што ќе гласаат кога предлог-буџетот е повлечен

Објавено

на

Во Гостивар продолжуваат политичките недоразбирања со буџетот на општината. Откако во средата беше прекинато продолжението на седницата на Советот и градоначалникот Таравари го повлече предлог-буџетот од дневен ред за да собира предлози за надополнување, ДУИ денес излезе со став дека немал право да го направи тоа. Од партијата која го предводи мнозинството во Советот, велат дека ќе закажат продолжување на седницата во понеделник и дека ќе го усвојат буџетот.

„Го потсетуваме Таравари дека предлог-буџетот е ставен на дневен ред и без гласање на советниците, тоа не може да се менува. Тој нема право да го повлекува. Во понеделник ќе продолжи седницата и ние со поддршка на СДСМ, НДП и советникот од ромската партија ќе го изгласаме буџетот, за доброто на граѓаните. Ќе го одобриме целиот предлог-буџет освен делот што се однесува на средствата за договорите за времени вработувања кои се надвор од законските норми“, наведува ДУИ.

На оваа најава, градоначалникот искоментира дека имал право да го повлече буџетот и дека гласањето во понеделник е незаконски потег. „Слушнав дека ќе гласале за некој буџет, не знам за што ќе дискутираат и гласаат кога во средата јас како предлагач на буџетот, врз основа на точка 158 алинеја 2 додека се уште траеше дискусијата, го повлеков од дневен ред. Ова е ситуација која е сосема спротивна со сите законски норми и правила“, изјави Таравари додавајќи дека му стигнале околу 100 предлози за измени и надополнување на буџетот.

Мнозинството во Советот и локалната власт месеци наназад си упатуваат меѓусебни обвинувања за кочење на функционирањето на општината и неспособност за работа. Предлог-буџетот за прв пат беше ставен на дневен ред на 5-ти март. Тогаш со свои предлози го преплавија советниците од мнозинството, додека останатите бараа да се гласа така како што е предложен. На продолжението на седницата во средата пак, предлози почнаа да даваат советниците од партијата на Таравари, што резултираше тој да го повлече буџетот од дневен ред. Сега двете страни се препираат дали имал право да го направи тоа.

Доколку општина Гостивар не добие буџет до 31 март, можни се нови избори за членови на Советот.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена