Поврзи се со нас

Вести

Буџетот на Гостивар за 2018 го разгори нетрпението во Советот

Објавено

на

Нови политички препирки денес меѓу советниците од партијата на Таравари и коалицијата и ДУИ со своите партнери. Донесувањето на општинскиот буџет за 2018 година, беше причина да се разгори нетпрението меѓу двете страни кое постои уште од конститутивната седница.

Алијанса за Албанците обвини дека утрово ДУИ и СДСМ не се појавиле на закажана седница на Советот на која на дневен ред бил ставен буџетот за наредната година.

„Согласно свикувањето од страна на претседателот, на седница на Советот на Општина Гостивар за денес со почеток во 10:00 часот, а иницирана од градоначалникот Арбен Таравари, советниците од редовите на партиите на Алијансата за Албанците, Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, ТДП и ДНЕТ, со оглед на важноста на точката на дневниот ред за оваа седница, се одѕваа на повикот. Иако самиот ја свика седницата, претседателот на советот Насир Муслиу не ја испочитува истата, како и другите советници од редовите на ДУИ, СДСМ, партијата на Весел Мемеди и Демократскиот Сојуз на Ромите. Поради фактот што немаме кворум за донесување на правосилни одлуки, денешната седница не може да се одржи. Вреди да се спомне дека претходно имаше договор меѓу градоначалникот и претседателот на Советот, на оваа седница барем да се расправа по предлог-буџетот на Општина Гостивар и советниците ги добија потребните материјали. Неспроведувањето на овој договор ќе се одрази со голем број бариери во функционирањето на општина Гостивар, меѓу другото, со неизвршуавње на инвестиции, немање нови вработувања“, изјави Њомза Шаќири од Алијанса.

Претседателот на Советот пак реагира дека денешната седница не ја свикал тој, туку тоа било направено од самата општинска управа. Муслиу објаснува дека одлуката за избор на претседател на Советот во Службен гласник била објавена на 25 декември, а седницата била свикана неколку дена пред тоа.

„Согласно Законот за локална самоуправа седница на Советот свикува претседателот. Денешната седница е свикана на 21 декември, и не е свикана од моја страна туку од управата на општината. На 25 декември имавме седница на која расправаваме за платите на наставниците и решението за избор на претседател на Советот беше објавена во службен гласник токму тој ден. Објавувањето во Службен гласник е услов да може да се свикува седница, што значи условот беше исполнет на 25 декември, а не претходно. Да се свика седница да се расправа за една толку важна точка како што е буџетот за два дена, не може. Треба подолг период, тоа треба да се разгледува, па да се донесува одлука. Од 25-ти немавме време да свикаме седница за расправа за буџетот и тоа го оставивме за после празниците. Законски буџетот треба да се усови 31 март, има време. Во секој случај, ние нема чекаме краен рок, туку седница за буџетот ќе свикаме после празниците“, изјави Муслиу.

Градоначалникот Таравари претходно најави дека доколку не биде донесен буџетот за 2018 година, преку Министерство за финансии ќе се бара привремено финансирање, а доколку се пробијат сите рокови ќе се разгледува можноста за нови избори за советници.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена