Поврзи се со нас

Македонија

Буџетот на МО за 2023 година ќе изнесува 274,6 милиони евра

Објавено

на

Предложениот буџетот на Министерството за одбрана за 2023 година изнесува 274,6 милиони евра и е за третина повеќе во однос на минатогодишниот. Средствата за опремување и модернизација на Армијата се зголемени за шест проценти и изнесуваат 88.797.000 евра.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска најавија дека планираните финансии за следната година ќе придонесат за развој и модернизирање на овој ресор согласно стандардите на земја членка на НАТО, како и дека ќе продолжат инвестициите во луѓето, опремата и развивањето на способностите.

– Развојот на одбраната ќе придонесе за посовремена безбедност во однос на заканите кои ни ги носат геостратешките предизвици, а за кои имаме обврска да ги заштитиме нашите граѓани. Третина повисок буџет во одбраната, значи влог во мирот и стабилноста на луѓето, а тоа е непроценливо, рече Ковачевски на заедничка прес-конференција со Петровска.

Покачувањето на средствата, како што нагласи Ковачевски, значи дека ќе ја оствариме зацртаната цел, а тоа е буџетот за одбрана да биде два проценти од БДП во 2024 година, според стандардите на НАТО.

Одбраната, посочи премиерот, од февруари годинава не потсетува зошто е важно да ја модернизираме и јакнеме, а уште поважно е тоа, како што нагласи, дека остварувањето на нашата стратешка цел НАТО е најдржавничката одлука што сме ја донеле во поновата историја на земјата.

-Во февруари во Украина започна војна каква што сите мислевме дека после Втората светска војна никогаш повеќе нема да е случува на европско тло. Но бруталната агресија која Русија неоправдано ја спроведува врз суверена Украина и флагрантното кршење на нејзиниот територијален интегритет ни покажа дека мирот каков што го знаеме во Европа не е гарантирана опција. Затоа никогаш не било поважно тоа што ние сме НАТО и што придонеуваме во колективната одбрана на нас и на уште 29 други земји членки кои исто така тие ја гарантираат нашата одбрана и безбедност, рече Ковачевски.

Тој дополни дека затоа е важно што нашата воена интеграција на НАТО ја направивме многу побрзо од другите членки и што од нашиот буџет издвојуваме средства со кои ќе ја модернизираме и засилиме Армијата, но и одбраната во целост.

Премиерот оцени дека оваа година Армијата покажала подготвеност да се носи со нашите сојузници и затоа доби највисоки оценки, а нам, како што рече, ни помогна да сме сигурни во подготвеноста за заедничко делување во справувањето со современите безбедносни закани.

-Таа посветеност на нашата војска е поздравена и наградена. Кога ќе се сетам во каква состојба ја најдовме Армијата во 2017 со скинати униформи и чизми, дотраена опрема и незгрижени армиски припадници, меѓународно изолирана и ранлива по многу основи. Сето тоа е минато и со напорна работа и со многу труд посветен од страна на Министерството, го вративме пред се, достоинството на Армијата, а одбраната ја издигнавме на ниво на земја-членка на НАТО Алијансата. И тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина. Тоа е придобивката од сојузништвото во НАТО обезбедување на сигурност дома преку јакнење на Армијата, а како што сме обединети во воената одбрана, обединети сме и во дипломатијата и во политиката со земјите членки на НАТО, рече Ковачевски.

Осврнувајќи се на карактеристиките на буџетот на одбраната посочи дека е важна стабилноста на професионалните војници и потсети дека се зголемени нивните примања, како и дека се вложени над 16 милиони евра во енергетски ефикасни објекти на Министерството, Армијата и во касарните. Со овие стратешки инвестирања, според него, се подобрени условите за работа на Армијата која е столбот за сигурноста, безбедноста и мирот на нашите граѓани.

Министерката Петровска исто така потсети дека за припадниците на Армијата во годината што измина се создадени услови уште еднаш да се зголемат платите, како и за отпремнини од над 20.000 евра за припадниците со навршени 45 години, и за станарина од 9.500 денари како надополнување од месечниот приход на секој војник.

– Оваа грижа, најави, ќе продолжи и понатаму, а Армијата на Северна Македонија, денес НАТО Армија, е опремена, мотивирана и добро платена Армија, додаде таа.

Како што соопшти Петровска, во буџетот за 2023 година се обезбедуваат средства за постојано редовно опремување на Армијата и покривање на сите нејзини потреби, а меѓу останатото планирани се 1.613.000 евра за обезбедување организирана исхрана за припадниците на Армијата

Покрај инвестирање во опремување и модернизација на Армијата согласно усвоените Цели на способности, се обезбедува и енергетска ефикасност на објектите, подмладување на персоналот на Армијата, зголемени примања на професионалните војници веднаш по стапување во служба на Армијата, финансиска поддршка за решавање на статусот професионалните војници со обезбедување отремнини во износ од две просечни нето плати, не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, постојано подобрување на логистичката поддршка и зголемено учество во меѓународните мировни мисии и операции.

Следната година, најави Петровска, ќе имаме најголем број припадници во меѓународни мисии и операции, односно 226. Вкупните средства за таа намена изнесуваат 10 милиони и 548 илјади евра, од кои 1.790.000 евра за плати и надоместоци, а останатите се за логистички трошоци.

-Нашето учество во мисиите го заокружува местото на Северна Македонија како кредибилен сојузник во Алијансата. Тоа е една од трите обврски што сме ги презеле со членството во НАТО, односно да се издвојат средства во висина од два процента од БДП за одбраната, да издвоиме над 20 проценти од тие средства за модернизација и да дадеме свој придонес во меѓународните операции, рече Петровска истакнувајќи дека на сите три полиња државава во целост ги исполнува обврските.

Северна Македонија, оцени таа, денес има модерна, силна НАТО Армија која може да се соочи со сите предизвици и на која граѓаните можат да се потпрат.

Министерката Петровска, во одговор на новинарско прашање во однос на професионалните војници информира дека покрај опциите што се нудат со постојниот Закон се разгледува и можноста откако ќе навршат 45 години да бидат ангажирани и во заштита на критичната инфраструктура.

Посочи дека доколку некој од војниците не сака да земе отпремнина тоа е апсолутно негово право и оти може да е изјасни да биде преземен или од Шумската полиција, Судската полиција, МВР, но не во Гранична полиција, како и дека може да остане како вработен по Законот за работни односи во Министерството за одбрана и во службата за пожарникарство во општините.

-Тие се сега актуелните можности кои ги дава овој Закон. Тоа се редовно активностите што се спроведуават од Министерството со сите институции. Во рамки на реформите кои се започнати и кои се сега во фаза на изготвување како проекти се разгледува можноста за ангажирање на овие лица и во заштита на критичната инфраструктура. Денеска ќе имаме јавна расправа за Предлог законот за критична инфраструктура Предлог законот кој првпат се носи во нашата држава и ја разгледуваме можноста по навршување на 45 години старост овие лица да бидат префрлени таму, рече Петровска.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена