Вести
Буџетот на општина Гостивар спасен со последниот воз-Се постигна компромис

Советот на општина Гостивар на последниот ден од рокот, едногласно го донесе Буџетот за 2019-та година. Како што беше речено на денешното трето продолжение на 10-тата седницата, викендов, советничкото мнозинството и градоначалникот Таравари направиле консултации и постигнале компромис. Буџетот беше изгласан со вметнување на промени, кои дојдоа како резултат на предлози од советниците.
Со промените се скратуваат парите за привремени вработувања и тоа од 13 на 6 милиони денари, а намалување има и кај трошоците на градоначалникот и кај администрацијата за договори на дело. Тие средства ќе се пренаменат за неколку инфраструктурни проекти.
Буџетот на општина Гостивар за 2019 изнесува околу 17 милиони евра. За разлика од годинава, кога падна договор меѓу локалната власт и мнозинството предводено од ДУИ за изгласување, лани Гостивар беше на мерка времено финансирање три месеци, поради недонесување на буџетот. Тоа предизвика низа проблеми со платите на вработените и инвестициите.
Неизвесноста околу буџетот за 2019 траеше се до денес, со оглед на тоа што на првата седница мнозинството излезе со повеќе предлози, па седницата беше прекината, додека на продолжението во петокот (28 декември) градоначалникот го повлече буџетот од дневен ред.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?