Поврзи се со нас

Македонија

Бугарското Собрание го одобри францускиот предлог за Северна Македонија

Објавено

на

Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани.

Усвоениот документ што го предложи лидерот на Демократска Бугарија Христо Иванов, и дава зелено светло на Владата во оставка на Кирил Петков да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на сложените односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети неколку услови.

– Ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Република Северна Македонија преку нивното вметнување во Уставот, ништо во пристапниот процес на РСМ да не биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и гаранции од ЕУ дека сето ова ќе биде исполнето, се условите што ги поставува Софија.

Ова решение го подржаа пратениците од „Промената продолжува“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Демократска Бугарија“ (ДБ). „Има таков народ“ (ИТН) и „Преродба“ се против, а од „БСП за Бугарија“ воздржани.

ДПС и ГЕРБ во одвоени соопштенија го нагласуваат стратешкиот интерес на Бугарија за проширување на ЕУ кон Западен Балкан и особено кон Северна Македонија и Албанија. Претсдеателот на Демократска Бугарија Христо Иванов, чиј предлог денеска беше одобрен од Народното собрание, рече дека најсилниот притисок не бил врз Северна Македонија, туку врз процесот на интеграција. Тој рече дека ветото сега ќе биде од цела ЕУ. Ако не ги исполни условите од преговорите и не го смени својот Устав, Република Северна Македонија нема да започне преговори за интеграција во ЕУ.

Тој ја критикуваше ГЕРБ и ги праша дали е толку важно да се гласа за недоверба на Владата оваа недела кога се одржаа двата состанока ЕУ-Западен Балкан и Советот на ЕУ. Рече дека БСП се воздржува од гласање зашто им треба повеќе време, широка дебата, стабилна политичка атмосфера и да се види дали Бугарија ќе добие подобар предлог за следното претседателство со ЕУ во наредните месеци.Тошко Јорданов од партијата на Слави Трифонов се изјасни против одлуката и денешниот ден го оцени како срам за Бугарија и ги нарече предавници кои го поддржаа. Против беше и најмалата пратеничка група на „Преродба“.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена