Поврзи се со нас

Македонија

Булозна епидермолиза – Epidermolysis bullosa

Објавено

на

MKБ:  Q 81.0 Q 81.1  Q 81.2 Q 81.8 Q 81.9
Преваленца/распространетост: 1-9/1.000.000

Булозната епидермолиза е ретка генетска болест на кожата и слузницата, и се манифестира со формирање меури и отворени рани. Кожата е премногу чувствителна и на најмал допир или притисок се појавуваат рани како изгореници. Се јавува кај 2 до 4 лица на 100.000 жители. Децата кои страдаат од оваа болест се познати и како „деца пеперуги“. 

Причина за појава:

Кожата се состои од три главни слоја: епидермис, дермис и хиподермис. Кај здрави лица, врзувачките протеини, кератин и колаген, се одговорни за врзување на сите клетки и слоеви во кожата. Овие протеини се организираат во мрежи кои обезбедуваат сила, еластичност и поддршка на епидермисот. Мутација во генот кој го  кодира кератинот или колагенот, доведува до формирање протеини кои не можат да се групираат во мрежи и со тоа клетките на кожата стануваат чувствителни и подложни на раздвојување. Луѓето родени со Булозна епидермолиза немаат функционално врзувачки протеини, така што нивните слоеви на кожата лесно се одвојуваат, предизвикувајќи разни оштетувања.

Генетско наследување: 

Болеста може да биде наследена автозомно доминантно или рецесивно. Автозомен доминантен начин на наследување значи дека еден од родителите е заболен од истата болест, а веројатноста дека детето ќе ја  наследи болеста е 50 % во секоја бременост. Ако родителите не покажат симптоми на болеста, тоа не значи дека тие не ги носат гените за неа. Во овој случај, наследувањето е автозомно рецесивно и шансата за наследување е 25 % во секоја бременост ако еден родител го има генот. Болеста, исто така, може да биде предизвикана од мутација на ген при формирањето на машките и женските полови клетки. Овој начин на настанување на болеста не може да се предвиди.

Болеста се јавува кај сите раси, а подеднакво заболуваат и мажите и жените. Денес постојат пренатални испитувања кои ја одредуваат можноста, односно процентот за наследување на Булозната епидермолиза која не претставува заразна болест. 

Симптоми: 

Симптомите при тешки форми на болеста се видливи уште при раѓањето, а во други случаи се јавуваат кога детето почнува да ползи, да оди или да игра спорт во доба на пубертет. Симптомите на оваа болест  се комплексни и специфични во зависност од видот на болеста и начинот на живот.

Симптомите вклучуваат:

  • чувствителност на кожата на секаков допир, особено на рацете и стапалата;
  • болка по допир;
  • тврди нокти кои не се формираат правилно;
  • Пликови или плускавци на површината на кожата и слузокожата;
  • губење на косата и оштетување на скалпот;
  • појава на бели топчиња (милии); 
  • тешкотија при голтање и зборување;
  • тврда кожа на стапалата и дланките;
  • појава на кариес и паѓање на забите.

Компликации: 

Поради недоволниот број информации, истражувања и непознат лек за оваа болест, компликациите за жал се неизбежни. Тука се вклучуваат:

  • појава на габични и бактериски инфекции;
  • сраснување на прстите и потешка подвижност на зглобовите;
  • тешкотија при одење;
  • стеснување на очните капаци и губење на видот;
  • тешко хранење и губење на апетитот;
  • запек (опстипација);
  • малигни тумори на кожата кои брзо се шират;
  • сепса;
  • смрт.

Дијагноза:

Поставувањето на дијагноза се состои од целосно земање на анамнеза вклучувајќи и на која возраст и на кои места се појавиле првите меури и рани. Потоа се врши детален клинички преглед и потрага по симптоми карактеристични за некои од поттиповите на болеста.  Лабараториската процена подразбира земање парче кожа за детален преглед. Освен класичен хистолошки преглед, се користи преглед на кожата со електронска микроскопија со која можат да се покажат некои промени или недостатоци во кожата. Најновите техники вклучуваат антитела за одредени протеини во кожата. Денес постои можност кај семејствата кои веќе имаат дете со оваа болест, да се постави или исклучи оваа дијагноза на нероденото дете. Дијагнозата може да се постави со земање на парче од плацентата (хорионска биопсија) преку стомакот на мајката во рана фаза од бременоста. 

Третман и лечење:

Лекот за оваа генетска болест сè уште не е познат, но постојат неколку начини за ублажување на оштетувањето на кожата. Исто така, постојат хируршки и превентивни процедури кои спречуваат сраснување на прстите на екстремитетите. Со правилна нега може да спречи сериозно оштетување на кожата, како на пример:

  • носење памучна облека;
  • одржување на кожата со употреба на соодветни лубриканти;
  • преврски на отворени рани со специјални силиконски преврски;
  • одржување на температурата во домот за да се избегне прегреаност;
  • покривање на груби или тврди површини во домот со крпи или прекривки;
  • спроведување на штетни активности, редовно вежбање;
  • нежен пристап кон пациентот без нагли движења;
  • вградување катетер во желудникот преку кој пациентот ќе се храни во текот на ноќта;
  • хируршка корекција на сраснатите прсти;
  • правилна исхрана со многу хранлива и калорична диета.
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 6 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 9 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 12 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 13 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 14 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 15 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 17 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 17 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 19 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена