Гостиарски
Бурхан Ахмети, ликовен уметник
Оставивме уште една година од животот зад нас, а пред нас се нови 365 дена. Поканивме неколку личности од Гостивар да ни кажат по што ќе ја паметат и каква им била 2021-ва и што очекуваат и посакуваат во Новата Година?

2021-ва беше една од најтешките години за целиот свет, бидејќи коронавирусот ги „нападна“ сите земји една по друга, вклучително и нас. Иако бевме активни со изложби и други културни активности, законската обврска за ограничување на различни културни активности имаше негативно влијание врз многумина. Многуте процедури и контроли при патување во странство придонесоа да се намали волјата и желбата за креирање и за активности. Сепак, за мене беше многу напорна со активности и изложби, особено оние надвор од државата. Меѓу најважни мои активности во 2021 година беа:
- Учесник на меѓународната изложба на проектот „Ангели на светот“ која се одржа во музејот „Тсеихауз“ во Астраханскиот Кремлин, Русија.
Учесник на изложбата „УМЕТНИЦИ ЗА ЖЕНИ“ во организација на Тирана Арт, која беше организирана во Уметничката галерија во Саранда, Албанија.
Учесник на Ликовната колонија „Мурал фест“ во Феризај, Косово.
Учесник на јубилејната колонија на 20-годишнината на Меѓународната ликовна колонија во Раховец, Косово.
Учесник на меѓународната ликовна колонија „Ѓелош Ѓокај“ во Туз, Црна Гора.
Организатор на 6-ти Меѓународен Ликовен Симпозиум во Струга, каде што учествуваа околу 40 уметници од 17 земји.
Учесник и организатор на меѓународната ликовна изложба одржана во Куршумли Хан во Скопје, како дел од класичниот концерт.
Учесник на меѓународната планинска колонија во Киев, Украина.
Самостојна изложба „Утопија“ 12-та по ред која се одржа во артотека на Националната библиотека во Букурешт, Романија.
Учесник на меѓународната ликовна изложба DUBAI ART EXPO каде учествуваа над 400 уметници од 100 земји во светот, која изложба се одржа најпрвин во просториите на комплексот „Мејдан“, а потоа следните денови во уметничката галерија Акаас во Ал Фахиди, Дубаи.
Учесник на меѓународната ликовна изложба која се одржа во Уметничката галерија во Куманово каде ми беше доделена наградата „Реџаи Хисени-Џаи“ за најдобра графика.
Учесник на меѓународната изложба на графика која се одржа во Галеријата „Вилсон Килица“ во Фиер, Албанија.
Дел од организационен тим намеѓународниот драмски фестивал “Отхело” во Гостивар.
Коавтор на учебникот “Ликовна уметност 12″во Република Косовокаде како коавтор со колегата Наим Сахиу во соработка со издавачката куќа „Албас“.
Учесник и претставник на Република Северна Македонија во еден голем меѓународен ликовен проект за размена на графики во соработка со Кинескиот Музеј на Графика и организаторите на 24-ти Зимски олимписки игри во Пекинг, кадешто се поканети околу 44 графичари од 40 светски земји. Со една нова графика со тематика на олимписките игри јас ќе ја претставувам Република Северна Македонија. Многу изложби ќе се организираат додека ќе траат зимските олимписки игри.
Од Новата Година 2022 посакувам да ни даде сила за да се соочиме со предизвиците на животот, да имаме храброст за да ги прилагодиме едрата за секоја ситуација и да ја земеме во наша корист. Да имаме убава година пред нас! Среќна Нова 2022 година!!!
Бурхан Ахмети, ликовен уметник.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022