Поврзи се со нас

Гостивар

Бурна реакција на КК Гостивар за неисплаќањето на доделените средства од буџетот за спорт на Општина Гостивар

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Гостивар, преку соопштение се обрати до јавноста изразувајќи го незадоволството за непочитување на одлуките на Советот на Општина Гостивар, со кои им се доделуваат финансиски средства на прволигашот од Гостивар, а истите не се исплаќаат во целост изминатите 5 години, вклучувајќи ја и оваа 2021 година, со што директно се загрозува опстанувањето на клубот.

Соопштението го пренесуваме во целост:

„Почитувани,

КК Гостивар и во оваа 2021 година жилаво се бореше со останатите тимови во најелитното кошаркарско натпреварување во земјава. Новата година ќе ја пречека на 4.позиција на табелата што е одличен и најголем успех на спортски колектив од Гостивар.

Но, пред заминувањето на 2021 сакаме да се осврнеме на нешто друго, и да ја информираме јавноста пред се онаа од Гостивар,  за индолентниот однос  и негрижата на Општина Гостивар кон најголемиот спортски амабасадор на градот, Кошаркарскиот клуб Гостивар.

Со одлука на Советот, на КК Гостивар во текот на 2021-ва беа одобрени 2 милиони денари, од кои до денес, 27 декември, исплатени се само половината, 1 милион. Го повикуваме градоначалникот да ја испочитува одлуката, која е законска и носи законски последици, и да ги исплати доделните средства за КК Гостивар во целост и како татко на градот да го преиспита  во иднина својот однос кон спортот во градот воопшто и посебно кон КК Гостивар. Изгласаните средства кои ни се доделени на седницата на 28.01.2021 прецизно проектирани во буџетот за 2021 година и се прекупотребни. А поради дилетантниот однос, непочитувањето на одлуките и несносењето одговорност за постапките, директно се загрозува и судбината на клубот.

Дообјаснуваме дека секоја календарска година, од општинскиот буџет се “издвојуваат” средства за спорт, кои советниците гордо ги гласаат со изговор како го сакаат и поддржуваат спортот во Гостивар. Се делат пари на ФК Гостивар, КК Гостивар, РК Јехона, Шаховски клуб, помали фудбалски клубови, летачки клубови, карате, кик бокс, скијање и многу други спортски субјекти. И ако се делат, треба да се делат на сите!! Тоа се јавни пари наменети за поддршка на спортот во нашиот град и за ништо друго! И наместо константно да се тежнее ставката Спорт и рекреација да се зголемува, еве за наредна 2022 истиот е преполовен, на 4 мил денари, што е дефакто доказ колку е важен спортот во Гостивар за властите. И сето ова во услови кога од година во година буџетот на градот се зголемува, така да за 2022 година достигне износ од 18.634.000 евра со ставка спорт 65.000 евра.

Сакаме јавно да ги запрашаме одговорните, Градоначалникот кој располага со општинската каса и советниците од сите партии кои не си ги почитуваат сопствените одлуки.

 Со што Кошаркарскиот клуб Гостивар заслужува ваков третман, кога 5 години по ред никогаш во целост не се испочитувани одлуките на Совет за доделување средства на КК Гостивар? Дали некому  му пречи успехот на клубот, или пак пречи тоа што на ниедно друго место не може да се сретнат 500, 1000 па и 2000 задоволни и среќни луѓе како на натпревар на КК Гостивар? Дали пречи радоста на победите кои ги носи КК Гостивар на овие луѓе, па свесно некој сака да им ја одземе?Или пак некоја трета причина, со која свесно сака да се наштети на клубот?Никогаш не сме побарале дополнителни средства надвор од изгласаните, туку оние кои преку своите претставници во Советот кои ги избрале, ни ги одобриле граѓаните на Гостивар. Револтот е најголем поради тоа што за разлика од останатите клубови кои изгласаните пари си ги добиваат во целост, единствено кога треба да се исплатат средствата наменети за КК Гостивар се измислуваат разни изговори и не се почитуваат одлуките донесени од Советот. Да се разбереме, станува збор за нецели10% од вкупниот годишен буџет на клубот, пари кои се смешни за општинскиот буџет, а значајни за развојот на кошарката“, се вели во соопштението.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена