Поврзи се со нас

Македонија

Бурни реакции за измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за функционери

Објавено

на

Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои предизвикаа реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а беа донесени за два дена. Според Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија. За опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта. Во меѓувреме, Канцеларијата на ЕУ во Скопје проверува дали е злоупотребено европското знаменце.

Со измените, од КЗ се брише ставот 5 од членот 353 кој предвидуваше затворска казна од најмалку 5 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување при вршење на јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот. Член според кој изминатите години се гонети голем број  државни и владини функционери, а дел од случаите сѐ уште се во тек.

Во членот 353-в, кој се однесува на делото „несовесно работење во службата“, за кое досега беше предвидена казна од минимум три години затвор за службено или одговорно лице во јавно претпријатие или установа кое ќе прибави значителна имотна корист, казната е намалена на шест месеци до пет години.

Наместо максималните десет години затвор кои досега беа предвидени во членот 394 казните за „злосторничко здружување“, односно за тој што ќе создаде група или банда, со измените се предвидени на максимален затвор до три години. Намалување има и за членовите на групата или бандата кои ќе извршат кривично дело, каде максималната казна затвор од пет години се намалува на две години. Токму со ова дело беа опфатени и голем број на обвинетите во предметите од СЈО.

Предложените законски измени кои беа изгласани со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, во Собранието вчера ги образложи заменик министерката за правда, Мадиќ, која рече дека намерата била да се обезбедат јасни, прецизни и цврсти описи на кривичните дела и дека Предлог – измените ќе доведат до проширување на опфатот на дела за кои ќе се предвидува конфискација.

Мадиќ појасни дека од вкупно 38 члена во законските измени и дополнувања, 35 се со директивите на ЕУ.

„За да нема забуни и дилеми зошто Законот е со европско знаменце, нагласувам дека предвидува 38 члена од кои 35 се со директивите на ЕУ. Вчера кога го давав Предлогот зошто треба да биде со европско знаменце и по скратена постапка, напоменав дека целта е усогласување со европското законодавство“, истакна Аврамовска – Мадиќ.

Предлог – измените беа остро критикувани од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои не поднесоа амандмани со став дека е предоцна за тоа.

Според пратеничката Гордана Силјановска Давкова, овој закон обезбедува механизам за потенцијална амнестија.

„Овој закон обезбедува механизам за потенцијална амнестија на оние за кои секој ден слушаме што прават. Јасно е која е основната причина за донесување на овие измени – да се заштити криминалот и корупцијата. Денеска измените на Законот обезбедија заштита на криминалот и корупцијата, а преседан е и тоа што не е присутен министерот кој не стои на корицата на Законот, а по функција е тој што го персонифицира Министерството за неправда“, потенцира професорката и пратеник, Силјановска Давкова.

Од СДСМ зборуваше пратеничката Снежана Калевска Ванчева кој ги праша колегите од опозицијата дали можеби им смета прецизирањето на одредбите со кое ќе се овозможи ефективно и ефикасно водење на кривичните постапки.

„Не можам да разберам како сфаќате што е приватен интерес. Дали проширената конфискација или усогласувањето на членовите од главата 22 (кривични дела против животна средина со европска регулатива)? Дали е и царинската измама приватен интерес? Како со таква леснотија кажувате дека овде се работи за приватен интерес освен ако немате некои такви искуства, но тоа е сосема друго. На кого му смета прецизен опис на законските одредби, дали сакаме да имаме прецизни законски одредби за да имаме ефективно и ефикасно водење кривични постапки со завршница за сите што го прекршиле законот?“, рече Калевска Ванчева.

Вицепремиерот Артан Груби вчера изјави дека измените во Кривичниот законик, освен што се хармонизација со европското право, се и ексклузивно барање на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Македонската и албанската опозиција да си ги усогласат ставовите, затоа што македонската опозиција вчера на пленарната седница не гласаше „против“ измените во КЗ, коисе хармонизација со европското право, туку остана на седницата, правеше кворум и го усвои дневниот ред. Истото се случува и денеска на Комисијата за европски прашања“, рече вицепремиерот Груби, одговарајќи на прашањето дали овие измени се политичко пазарење со ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  пак, во гостување на Канал 5 Телевизија ја отфрли изјавата на вицепремиерот Груби и кажа дека е неточна. Според него, измената на КЗ е срамен чин на демократијата, а интенцијата на власта е да се заштитат од криминалот што го правеле.

Мицкоски дополни дека единствен начин да се побара одговорност е само на избори, а за шпекулациите дека овие измени претставуваат премолчен договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече дека се лага.

„Тоа го отфрлам како голема лага, не постои никаков договор, ниту пак имам намера да правам какви било договори“, рече тој.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 7 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 9 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 12 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 12 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 14 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 14 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 15 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 16 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена