Спорт
Чаир 2030 – КК Гостивар вечерва од 21 часот

Викендов се игра колото број 19, од Првата македонска кошаркарска лига. Екипата на КК Гостивар од 21 часот му гостува на Чаир 2030 во Скопје.
За Чаир 2030 ове е деби сезона во најсилното кошаркарско натпреварување во земјава. Грчевито се борат за излез од „црвената зона“ која со сигурност две екипи ќе испрати во Втората лига. Во досегашниот дел од сезоната успеаа да запишат 5 победи и 13 порази. Чаирчани пред 10 дена на домашен го совладаа второпласираниот Пелистер, што потврдува дека воопшто не се лесен противник.
Гостиварци судбината ја имаат во свои раце, на делба се на 3. позиција на табелата со екипата на ТФТ Скопје. До почетокот на завршниот плеј-оф остануваат уште четири кола, во кои екипата на КК Гостивар е фаворит на хартија во сите дуели до крајот на регуларниот дел од првенството. Во првиот меѓусебен дуел на овие две екипи во есенскиот дел, славеше КК Гостивар со резултат 86-68.
Дуелот се игра во „Шабан Трстена“ во Чаир, во живо може да го следите ТУКА.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение