Поврзи се со нас

Занимливости

Чанта која може да се види само со микроскоп продадена за 63.750 долари

Објавено

на

    Чанта „мала колку зрно сол“ е продадена на аукција за 63.750 американски долари. Она што е интересно е тоа што, за да се види дизајнот на чантата, потребен е микроскоп, бидејќи таа има димензии 657 на 222 на 700 микрометри, пренесува Би-би-си.

    „Има големи чанти, нормални чанти и мали чанти, но ова е последниот избор во минијатуризацијата на чантите. Доволно е тесна за да се протне низ иглено уво. Оваа чанта е толку мала што ќе Ви треба микроскоп за да ја видите“, велат од креативниот тим „МИСЧФ“ од Бруклин кој стои зад чантата, познат по своите необични креации.

    Меѓу тие „изуми“ се и чевли кои содржат човечка крв, патики со света вода во табаните, колонска вода што мириса на „ВД-40“ – средство против влага во автомобилите, како и огромни црвени кловновски гумени чизми. Уметничкиот колектив овојпат реши да го одведе „трендот на мали чанти“ до крајност.

    Чантата го има логото на „Луј Витон“, но предметот нема никаква врска со тој бренд. Жолтиот „моден новитет“ е направен од фотополимерна смола со помош на технологија за 3-Д печатење што често се користи за изработка на мали модели и структури.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена