Вести
Часови по сообраќајна култура за возачите и пешаците кои ги прекршуваат правилата

Полицијата неделава започна со реализација на нов превентивно-едукативен проект со наслов „Голомразицата и снегот – предизвик за возачите и пешаците“. Приоритетна цел е намалување на бројот на сообраќајните несреќи во зимските месеци преку подигнување на сообраќајната свест и култура на сите учесници, возачи, пешаци и други, објаснуваат од Секторот за внатрешни работи.
Во рамките на проектот, ќе се одржат средби наделжните институции за да им се потсета на обврските за зимско одржување на патиштата, а планирано е и спроведување на повеќе локални акциски контроли. Од полицијата најавуваат дека сите возачи или пешаци кои ќе направат полесни прекршоци, ќе бидат опоменати и повикани на таканаречени сообраќајни поуки, односно часови по сообраќајна култура.
Часовите ќе се одржуваат секоја втора сабота во месецот во Полициската станица во Гостивар. „На овој начин возачите поблиску ќе се запознаат со можните последици по нивното здравје и живот од непочитување на сообраќајните правила и прописи. Ќе бидат потсетени и дека треба да поседуват опрема за непречено и безбедно движење по патиштата во зимски услови, како да ги подготват нивните возила и на што посебно да внимаваат при екстремно ниски температури и утрински или вечерни голомразици.“, информира полицијата.
Носител на проектот е Отсекот за превенција.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!