Македонија
Чекањето на ГП Табановце е поради црвен аларм за ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
Како што стои во соопштението, граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба.
Авто – мото сојузот на Македонија (АМСМ) утрово информира дека по половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон Грција.
Во текот на вчерашниот ден, од АМСМ соопштија дека најголем интензитет на сообраќај има на „Табановце“, каде се чекало околу два часа, додека на останатите гранични премини, по околу еден час.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден