Здравје и убавина
Чест проблем за многумина – важни работи што треба да ги знаете за првутот
Белите „снегулки“ на косата или рамената – особено кога сте облечени во темна облека за важен состанок – не се пријатен феномен. Покрај тоа што го расипува естетскиот впечаток, првутот може да значи и црвенило на скалпот како и непријатно чешање, што може да го отежне секојдневието. Многумина од нас се борат со овој проблем, обично со години, но дали знаеме што е всушност првутот, зошто се појавува и како можеме да влијаеме на состојбата на нашиот скалп?
Што всушност е првутот?
Првутот е честа појава која предизвикува лупење на кожата на скалпот, понекогаш придружено со црвенило и чешање. Иако не е заразна или опасна по здравјето, може да предизвика непријатност и да биде проблем од кој тешко се ослободува. Симптомите може да бидат поизразени ако сте под стрес и обично се полоши за време на студени и сушни периоди. Ако состојбата не се подобри и покрај редовната употреба на шампон против првут, најдобро е да разговарате со вашиот лекар или дерматолог.
Лошата хигиена не е причина за првут
Вообичаена заблуда е дека првутот се појавува поради лошата хигиена на косата и скалпот. Иако реткото миење на косата може да го направи првутот повидлив, првутот не е резултат на нечистотија – се појавува поради други фактори, како што е прекумерната чувствителност на кожата или присуството на габи.
Постојат неколку видови на првут
Постојат неколку видови на првут, во зависност од причината.
- Првут предизвикан од сува кожа – Ова е најчестиот тип, особено во зима, кога студот и топлината ја сушат кожата. Се појавуваат мали, бели лушпи кои паѓаат од скалпот, често придружени со благо чешање.
- Првут предизвикан од мрсна кожа – Вишокот на себум предизвикува акумулација на маснотии и формирање на поголеми, жолтеникави лушпи.
- Првут предизвикан од габи – габата Malassezia може да предизвика воспаление што доведува до првут.
Габите можат да бидат главниот виновник
Проблемот со првутот е што понекогаш клетките на кожата растат и умираат премногу брзо, а зошто тоа се случува не е сосема јасно. Феноменот често се поврзува со габата Malassezia, која живее на скалпот на повеќето здрави возрасни лица без да предизвикува никакви проблеми. Една теорија е дека имунолошкиот систем понекогаш претерано реагира на оваа габа, што предизвикува првут.
Првутот може да се поврзе со кожни состојби
Луѓето кои имаат одредени кожни заболувања како што се себореичен дерматитис, псоријаза или егзема имаат поголем ризик од појава на првут. Себороичниот дерматитис е особено поврзан со мрсен првут и се манифестира со црвенило и масни лушпи на скалпот, лицето и другите делови од телото.
На првутот влијае стресот и исхраната
Стресот влијае на нашето целокупно здравје, односно може да не направи подложни на многу состојби и болести. Меѓу другото, може да придонесе за појава на првут или да ги влоши постоечките симптоми.
Кога станува збор за првут, исхраната може да биде значаен фактор. Исхраната која содржи доволно цинк, витамини од групата Б и здрави масти може да помогне да се спречи појавата на првут.
Престојот на сонце може да помогне
Престојот на сонце може да помогне и во борбата против првутот. Поентата е дека сончевата светлина може да придонесе за уништување на габите Malassezia. Само имајте на ум дека пред да останете на сонце, треба да ја заштитите вашата кожа – вклучувајќи ги и откриените делови на скалпот – со крем со заштитен фактор 30 или повеќе.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија