Вести
Честит празник на лекарите по општа – семејна медицина!
Деветнаесетти мај е интернационален ден на семејните лекари, кој за прв пат е востановен во 2010-та година од страна на Светската организација на општи-семејни лекари. Целта да се одбележува овој ден е да се даде значење на улогата и придонесот на семејните лекари во здравствениот систем и да се потенцира бенефитот од напредокот на семејната медицина.
Годинава денот поминува во знакот на зачувување на менталното здравје на луѓето, под мотото „Депресија – Ајде да зборуваме”.
„Со оглед на нашата задача да се грижиме за целокупното здравје на нашите пациенти, земајќи го во предвид фактот дека во моментов 500 милиони луѓе во целиот свет страдаат од депресија со тенденција на пораст и недоволна детекција, оваа година ќе ставиме акцент на менталното здравје на нашите пациенти. Довербата што ја имаат пациентите во своите матични лекари е еден од најважните фактори за рано откривање и навремено лекување на депресијата“, стои во соопштението од Здружението на лекари по општа-семејна медицина во Македонија.
Во рамки на одбележувањето се спроведуваат активности кои опфаќаат пополнување прашалник за самопроценка на депресија од страна на пациентите кои ќе го посетат својот матичен лекар. Прашалникот содржи прашања кои укажуваат дали кај пациентите постои нарушување на неговото психичко, социјално и професионално однесување во континуитет од две недели. Истиот може да го најдете и онлајн и со помош и поддршка на вашиот матичен лекар да го пополните.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди