Гостивар
Чествување на 11 Октомври во Гостивар
По повод денешниот празник Денот на востанието и Ден на борецот, 11 Октомври, општинскиот одбор на Сојузот на борци организираше пригодно одбележување со положување на цвеќе на споменикот во градскиот парк и оддавање почит на загинатите за слобода.
„Денешново чествување го посветуваме на сите оние кои се бореа и ја изборија слободата, осветлувајќи го патот во новото време. Овој исклучителен датум од македонската историја го претставува почетокот на заедничкото организирање и масовно вклучување на македонскиот народ во вооруженото востание во името на повисоките идеали на слободата и правдата а за конечно создавање на македонска држава. Не сомнено 11 Октомври ги постави основите на нашата слобода и независност, настан кој ни овозможи самостојно да решаваме за нашата сегашност и иднина. Нека ни е честит 11 Октомври и нека ни е вечна татковината. Да живее Република Македонија.“, подвлече во обраќањето пред присутните, претседателот на боречката организаицја, Радислав Ѓиноски.
Поради пандемијата годинава, прославата на празникот во Гостивар помина без помасовен собир и културно-уметничка програма.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија